Тројца починати од Ковид-19 во домашни услови
Тројца починале од Ковид-19 во последните 24 часа во домашни услови, велат податоците од Институтот за јавно здравје превземени од Мој Термин.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица од 27 октомври до 8 ноември. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Изминатото деноноќие направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19, најмногу во Скопје – 200, по што следуваат Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, итн.
Регистрирани сe 327 оздравени пациенти.
