Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца починати, 18 новозаболени, 21 оздравени: Најнова статистика

Тројца починати, 18 новозаболени, 21 оздравени: Најнова статистика

Тројца починаа, а регистрирани се 18 новозаболени во последното деноноќие во кое во Македонија има и 21 оздравени. 

Со тоа во Македонија има вкупно 1.225 заболени од Ковид-19. Во последните 24 часа се направени 263 теста од кои 6,8 се позитивни. До сега направени се вкупно 12.133 тестови.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.



Слично

Поврзани вести