Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале
МВР известува дека се лишени од слобода три лица од кривопаланечко откако претходно убиле старец од истото село и го закопале.
„На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат“, објави полицијата.
Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа и е предадено за обдукција.
Слично
