Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОЈЦА ОД ЏИБУТИ, ЧЕТВОРИЦА ОД ТУВАЛУ.... - и таму има Македонци кои веќе се самопопишале

ТРОЈЦА ОД ЏИБУТИ, ЧЕТВОРИЦА ОД ТУВАЛУ.... - и таму има Македонци кои веќе се самопопишале

Државниот завод за статистика соопшти дека самопопишувањето продолжува со несмалено темпо, како и дека има 11.101 нови попишани лица за еден ден

„Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес“, соопштија од ДЗС.

Оттаму нагласуваат дека само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји.

„Дали сте знаеле дека во Џибути има тројца македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн.

Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме!“, пишуваат во своето соопштение од Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести