Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца малолетници избодени и претепани кај Јаја Паша

Тројца малолетници избодени и претепани кај Јаја Паша

Вчера во 19:25 часот кај Јаја Паша се нападнати тројца малолетници кои се здобиле со рани од остри предмети, а биле нападнати од поголема група на насилници. 

Во градската болница „Св.Наум Охридски“ биле донесени тројцата поврдени малолетници, од кои 16­ годишно лице со повреда од остар предмет во пределот на десното рамо, уште едно 16­ годишно лице со повреда од тврд предмет во пределот на главата и 17­годишно лице со две убодни рани од остар предмет.

По укажаната лекарска помош двете 16­ годишни лица биле пуштени на домашно лекување, а 17­ годишното лице е задржано на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за нападот и пронаоѓање на сторителите.


Слично

Поврзани вести