Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца малолетници испишале навредливи графити во Гостивар

Тројца малолетници испишале навредливи графити во Гостивар

Графитите со навредлива етничка содржина во Гостивар ги напишале деца.

По десет дневна истрага, откриени се сторителите кои напишале неколку графити со заканувачка и навредлива содржина.

Од СВР Тетово информираат дека  полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле службен разговор со тројца малолетници од градот Гостивар. 

„Во текот на разговорите,  тројцата малолетници го признаа делото, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок“, велат од СВР Тетово.

Тие, по преземени мерки и активности се идентификувани дека на 10 јули годинава на четири станбени згради и трафостаница на улиците Мара Угринова и Гоце Делчев во Гостивар испишале неколку графити со заканувачки содржини.

фото МИА

Слично

Поврзани вести