Тројца лекари и една медицинска сестра од Инфективна се заразени
Тројца лекари и една медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести се позитивни на ковид-19, објави ТВ24.
Сите се со полесни симптоми и на домашно лекување.
Од Министерството за здравство за телевизијата изјавиле дека моментално нема случај на кластер или поголема бројка на заболени во рамки на скопските клиники.
За 24 часа во земјава има 61 нов случај и 11 починати.
Слично
