Тројца кандидати за претседател од ВМРО ДПМНЕ веќе познати, СДСМ пред одлука, ДУИ со „неостварливи“ желби
Додека владеачката партија се мисли дали да се оди на предвремени парламентарни избори во опозицијата веќе се познати првите имњата кои ќе се тркаат за фотелјата во која уште малку ќе седи Ѓорге Иванов.
Влатко Ѓорче, Филип Петровски и професорката Гордана Силјановска се првите тројца кандидати кои поднеле кандидатури во ВМРО ДПМНЕ .
Сепак, од партијата на Христијан Мицкоски велат дека осуммина кандидати поднеле кандидатури. Но ова не е конечен број бидејќи се очекуваат и други овие денови.
Владеачката партија пак за ова прашање ќе одлучува во недела кога ќе се одржува Извршен комитет.
Засега од СДСМ во јавноста се спомнуваат имињата на Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но и Никола Димитров и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ДУИ повика на заеднички настап на албанските партии на изборите но дали само тоа е желба на лидерот Ахмети допрва ќе се дознае. Експертите по ова прашање велат дека плурализмот на албанските политички сили не треба да се загрозува и дека албанските партии треба да настапат самостојно.
И аналитичарот Артан Дика потенцира дека во албанскиот политички блок во моментов нема услови за заеднички кандидат.
Тој за тв21 рекол дека не може да се влегува во такви игри кога нема доверливост и морален кредибилитет кај лицето кое предлага такви работи.
Странскиот фактор пак досега алудираше дека државата има поважни работи од тоа да се занимава со организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските така што јавноста наскоро ќе дознае дали и на какви избори ќе одат партиите.
