Тројца европратеници утре во Скопје:Каква порака им носат на лидерите?
Европските пратеници кои се задолжени да ја следат ситуацијата во земајава, утре доаѓаат во контрола.
Тие ќе ја скенираат состојбата во предизборниот период, а ќе остварат и среди со лидерите на партиите, со претставниците на граѓанските организации како и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Тројката од Брисел Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн после средбите пред јавноста ќе се обратат на прес конференција.
Европратеникот Вајгл очекува фер и кредибилни избори.
Известувачот во Европскиот парламент вели дека не може преку ноќ да се сменат нештата во земјава, но сепак верува дека Македонија по овие избори ќе биде поинаква од тоа што е денес.
Слично
