Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗАГЛАВИЛЕ СО АВТОМОБИЛ ВО СНЕГ НА ГАЛИЧИЦА: Ги извлекле полицајци

ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ ЗАГЛАВИЛЕ СО АВТОМОБИЛ ВО СНЕГ НА ГАЛИЧИЦА: Ги извлекле полицајци

Дваесетгодишен битолчанец со своите возило сузуки се заглавил на регионален пат кај Отешево поради снег, па тој и неговите сопатници биле извлечени од полиција, соопшти МВР. 

Имено вчера во 18.25 полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава односно повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола. 

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки”, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево - Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. 

„Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место, велат од МВР.

Слично

Поврзани вести