Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца адвокати му откажаа на Груевски

Тројца адвокати му откажаа на Груевски

Трoјца лични адвокати на поранешниот македонски премиер Никола Груевски го откажаа својот ангажман во случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.

Правните застапници Димитар Данов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски го напуштија рочиштето, изјави на почетокот на денешната седница судијата Душан Јосифов.

На отсутниот Груевски, кој е под заштита на азил во Унгарија, му беше доделен Петар Димовски како адвокат по службена должност.

Не е јасен мотивот на тројцата адвокати, но најверојатно поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема потреба од нив по бегството во Унгарија.


Слично

Поврзани вести