Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трогателно: Дечиња се откажуваат од ужинката за да соберат пари за лекување на малиот Павел!

Трогателно: Дечиња се откажуваат од ужинката за да соберат пари за лекување на малиот Павел!

Учениците од основното училиште „Партенија Зографски“ последниве десет дена не јадат на големиот одмор и ги собираат сите пари кои родителите им ги даваат за да си купат ужинка за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел.

Павел е едно од децата кое на Велигден настрада од струен удар при обид да се фотографира на воз во депото на Македонски железници. По неколку дена поминати на скопските клиники, детето е префрлено на лекување во Англија. Павел е во вештачка кома, а за следната интервенција потребни се 25.000 евра. Пари кои неговите другарчиња и соученици помагаат да се соберат.

Мајка на едното од децата кои собираат пари, објасни дека десетина дена децата не купуваат ужинка, сокчиња и од родителите бараат пари за да донираат за Павел. Исто така, децата и со кутии за донации поминуваат низ училниците. 

„Ја прашувам ќерка ми што јадела денес во школо, ми вели ништо. Јас и велам, зарем цел ден седеше гладна? Ми вели да, и не само јас, никој веќе не јадеме во школо и не ги трошиме парите, туку ги собираме за Павел. Детево ми кажува дека сите деца од 6-то до 9-то одделение веќе десетина дена не трошат пари за ништо, престанале да купуваат ужинка, не јадат, не купуваат сокови, секој ден трчаат со кутијата за донации и собираат пари. Секој денар што го имаат го ставаат во кутијата и на крајот на часовите парите ги предаваат на класниот на Павел! Сакале да соберат што повеќе пари пред да заврши школската година. Какви деца а, хероишта!- вели мајката. 

Освен акцијата на децата, пари за лекувањето на Павел ќе се собираат и во сабота на хуманитарната забава во Нано бар. 30% од целиот промет ќе биде дониран за лекувањето на Павел, а ќе има и кутија за донации.

Се повикуваат општини, граѓани, иселеници, компании, сите кои можат да помогнат да донираат. 

Сите кои сакаат да помогнат, може да донираат и на следните броеви:

T-mobile 070 143 106
Vip\One 077 143 481

Како и на следната жиро сметка:
Лорена Беќаровска  -210501648829038- NLB TUTUNSKA BANKA
со цел на дознака: донација за Павел

Слично

Поврзани вести