ТРОГАТЕЛНА ВЕСТ УТРОВО ЈА ШОКИРА МАКЕДОНИЈА: Се огласи и Стоиљковиќ
Трогателна вест утрово ја шокира Македонија и нејзините граѓани. Трагедија од која не може да не ви заплаче срцето. Запалена е дискотека во Кочани и според проценки на екипите за спасување загинати се над 30, а повредени се стотина млади луѓе, се огласи на Фејсбук, претседателот на ДПС, Иван Стоилковиќ.
„Во овие моменти тешко е да се најдат вистиските зборови да се изрази сочуство и порака на поддршка. И додека ја воздигнуваме до Господ нашата молитва за настраданата младост, упатуваме зборови на охрабрување за преживеаните, изразуваме надеж дека сите сложно ќе ја искажеме нашата солидарност и ги ублажиме последиците од оваа трагедија. Демократската партија на Србите во Македонија денеска го откажува настанот кој денеска требаше да се одржи по повод 33 години од формирањето на партијата, а средствата кои ги планиравме за таа намена ќе ги усмериме кон Кочани, кон семејствата на настраданите.“, напиша тој.
Фото:Фејсбук/Иван Стоилковиќ
