Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трка за студентите, и ВМРО-ДПМНЕ планира закон за ваучери за студенти

Трка за студентите, и ВМРО-ДПМНЕ планира закон за ваучери за студенти
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог закон за издавање на вредносни бонови – ваучери за студенти, истакна денес Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на прес-конференцијата на граѓаните на Република Македонија од негово и од име на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, им го честиташе празникот Илинден.

-Со предлог законот кој што ќе го поднесеме предлагаме издавање на вредносни бонови – ваучери за обезбедување на компјутери за редовните студенти од семејства во кои месечните приходите не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои за прв пат се запишани во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија. Дополнително во овој предлог закон предвидуваме вредносни бонови-ваучери и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија, вели Данев.

Тој истакна дека сите студенти кои ги исполнуваат наведените критериуми во предлог законот за издавање на вредносни бонови–ваучери да можат да аплицираат на своите факултети, каде по извршената идентификација врз основа на број на индекс и лична карта ќе им бидат врачени ваучерите.

Да потсетиме дека СДСМ веќе вети студентска легитимација со која ќе им овозможи користење на повеќе бенефиции па се чини дека опозицијата со овој предлог сака да парира и да лови гласови.

Слично

Поврзани вести