Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРКА СО ВРЕМЕТО: Антикорупциската комисија заглавена низ партиски негодувања

ТРКА СО ВРЕМЕТО: Антикорупциската комисија заглавена низ партиски негодувања

Скоро десет месеци земјава функционира без антикорупционери а причина е оставката на претходните си дадоа оставки по скандалот со бонусите и фиктивните патни трошоци кои сами си ги одобриле со интерна одлука.

На кој му одговара земјава да биде без Антикорупциска комисија? Ќе успеат ли власта и опозицијата да го стигнат рокот или ќе одиме на избори без антикорупционери?

Ова се повеќе е извесно бидејќи рокот тече а опозицијата одбива да гласа за Законот кој пал владеачката гарнитура по секоја цена сака да се избори со роковите па дури и со европско знаменце.

Законот за  Антикорупциска комисија ќе има само три дена собраниска расправа, па гласање а ВМРО-ДПМНЕ е категорична дека нема да го поддржи законот во оваа форма како што е предложен. 

Експертската фела пак скептична. Рокот е прекраток дури и ако законот добие зелено светло во собранието бидејќи претседателот и членовите на Комисијата треба да се изберат пред 3 февруари, кога треба да се распишат изборите за иден шеф на државата. 

Слично

Поврзани вести