Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трипуновски повика Ковачевски да не се брука и да го разреши директорот на УХМР

Трипуновски повика Ковачевски да не се брука и да го разреши директорот на УХМР

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од УХМР и Владата,  а власта излезе со обвинувања за општините. 

ВМРО - ДПМНЕ ги посочи според нив главните виновници за последиците од вчерашната непогода, а доказот велат дека лежи во договорот кој Владата три години по ред го склучува со Аероклуб Скопје. Тој предвидува,  да ги активира авионите и да го спречи невремето со помош на градобијни ракети, а по претходно предупредување од УХМР.

„Премиерот Ковачевски да не се брука со соопштенија и веднаш да го разреши директорот на УХМР, бидејќи градобијниот систем не функционира“, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека опозицијата покажала тотално непознавање, не само на функционирањето на локалните самоуправи, туку и на самиот систем за авионско засејување на облаци.

„Што се однесува до споменатиот систем за авионско засејување облаци Трипуновски пред да излезе во јавноста треба да се информира и да знае дека се користи само за реагирање, одбрана и превенција на земјоделски површини. За последните три години, процентот на заштита од град за земјоделските површини е 80 отсто. Но, не е до системот, за Скопје под вода, потфрли локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ”, враќаат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека за хаосот се виновни локалната власт под контрола на ВМРО ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија.

Слично

Поврзани вести