Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трипуновски: Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат не е точно

Трипуновски: Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат не е точно

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција. 

Повика опозицијата да не шпекулира и вели дека само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани. 

„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира”, изјави Трипуновски во „Тема на денот” на Сител телевизија.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЕУ ги суспендирала срдствата за ИПАРД.

„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно”, нагласи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и за уште четири лица пред неколку дена се уапсени поради земање мито. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести