Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИПУНОВСКИ МУ ПОДНЕСЕ 3 КРИВИЧНИ НА НИКОЛОВСКИ: „Ќе одговара за тоа што унапредувал партиски лица без запазена процедура и согласност од Министерството за финансии

ТРИПУНОВСКИ МУ ПОДНЕСЕ 3 КРИВИЧНИ НА НИКОЛОВСКИ: „Ќе одговара за тоа што унапредувал партиски лица без запазена процедура и согласност од Министерството за финансии

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, до ОЈО поднесе три кривични пријави за екс министерот Љупчо Николовски.
„За секое кривично дело, одговорност ќе има!

Како што изминатиот период ветив, до Основно јавно обвинителство - Скопје поднесени се три кривични пријави против поранешниот министер за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Секој граѓанин на Македонија како што одговара пред законот, така дојде време и Николовски да одговара за незаконско доделување на грантови и заобиколување на Платежната агенција додека бил на позиција министер.

Николовски ќе одговара за тоа што унапредувал партиски лица без запазена процедура и согласност од Министерството за финансии.

Самопрогласениот спасител на земјоделците Николовски, кој всушност ги уништи истите, ќе одговара и за нераздолжување на опрема што ја има задолжено.

Николовски, клопчето на твоите злоупотреби започна да се размотува, за сите незаконски постапки ќе одговараш.

П.С. - Се надевам дека ќе собереш сила и следната прес конференција ќе ја одржиш пред Јавно обвинителство и самиот ќе побараш да се истражи целиот случај за тебе“, напиша тој. 


Слично

Поврзани вести