Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИПУНОВСКИ: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште

ТРИПУНОВСКИ: Фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште

Mинистерот за земјоделство, Цветан Трипуновски вели дека фирми земале субвенции, а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште. 

Првиот случај што го објави е за правно лице од Струмица и вели дека МЗШВ дозволило ова правно лице да земе противправно дури околу 30 милиони денари за субвенции.

„За периодот од 2019 до 2022 година, Министерството има склучено со фирмата од Струмица вкупно 19 договори за вкупна површина од 1.416 хектари. Државниот инспекторат за земјоделство констатирал дека за 11 договори со површина од 941 хектар не се почитуваат одредбите од договорот, од страна на закупецот и требало да бидат раскинати. Притоа, врз основа на овие договори, закупецот од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој остварил приход по основ на субвенции од 485.000 евра“, рече Трипуновски.

Дополнително, закупецот требало, преку бизнис- план што го понудил до Министерството, да инвестира над 2,45 милиони евра на предметното земјиште, а во моментот на контролата од Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека има инвестиција околу 300.000 евра.

Слично

Поврзани вести