Тримесечно бебе пронајдено починато
МВР во денешниот билтен објави дека во скопската населба Шуто Оризари починало тримесечно бебе, откако претходно била повикана итна помош.
- На 22.01.2025 во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари лекар констатирал смрт кај тримесечно машко бебе, соопштено е во полицискиот билтен.
По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Слично
