Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трик или реалност дека штипската болница ќе вработи стотина

Трик или реалност дека штипската болница ќе вработи стотина

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, информира дека веќе доставил барање до Министерството за здравство за вработување на 100 лекари, медицински сестри, болничари, технички и медицински кадар, со оглед дека болницата неколку години наназад има недостиг на кадар, но останува да се види дали постои капацитет да се излезе во пресрет на ова барање или е само едно замајување на јавноста.

„На сите одделенија во болницата недостасуваат медицински сестри и болничари, побаравме од министерството вработување на 26 лекари, а додека остантите до 100 се медицински сестри, болничари и друг технички кадар”, вели Ѓеорѓијев.

Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица. 

Инаку штипската Клиничка болница дава здравствени услуги на потенцијални околу 200.000 пациенти од источниот и југоисточниот регион.


Слично

Поврзани вести