ТРИФУН КОСТОВСКИ НА КУЛТНАТА ДУПЕНИ BEACH СО ДРУГАРОТ ОД ДЕТСТВОТО: Објави фотографија со Љубиша Георгиевски – Цили
Познатиот македонски
бизнисмен Трифун Костовски одмара во Преспа. Тој денеска објави фотографија на
која ја наведе и локацијата. Со другарот од детството, Љубиша
Георгиевски – Цили, сликани се на една
од најпознатите плажи на
Преспанското Езеро.
Во една постара
објава на Фејсбук, Костовски раскажува дека другарувањето со Цили им е почнато во далечната 1963-1964 година во
гимназијата Јосип Броз Тито.
Бевме во две различни паралелки и паметам дека меѓу нас
постоеше голем фудбалски ривалитет, кој всушност беше и натпреварувачки дух
развиен меѓу класовите. Објективно, тие беа подобри, а ние почесто губевме. Цили,
со афинитет кон природните науки, се запиша на Градежен факултет и во својата струка
е еден од врвните експерти чие знаење е имплементирано во многу објекти во
Македонија, а посебно во Сочи, бившиот Советски Сојуз.
Причината што не делевме иста животна судбина не нè раздели и останавме
пријатели полни шест децении, рече
тогаш Костовски за Цили.
