Трифун Костовски ќе формира партија
Трифун Костовски на социјалните мрежи најави можност за формирање нов политички субјект, оценувајќи дека Македонија се наоѓа „на крстопат“ и дека државата се соочува со иселување, корупција и длабока општествена криза.
Костовски порача дека на државата ѝ е потребно обединување над партиските интереси и повика на создавање политичка опција која, како што наведува, нема да биде оптоварена со лични, национални или верски поделби.
„Не барам власт за себе, туку можност за освестување на државно ниво, Македонија да биде пред секоја партија“, истакна тој.Во објавата, Костовски ги повика граѓаните да се вклучат со свои идеи и сугестии, додавајќи дека очекува напади од политичките партии, но дека е подготвен да се бори за, како што наведува, „вистината и иднината на татковината“.
фото Фејсбук
Слично
