Трифонов: Важно е да се биде потивок од водата и пониско од тревата за да не ги налутиме големите сили
Претседателот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов ги опцу пратениците кои гласале за францускиот предлог.
Тој пак повтори дека не го признаат македонскиот јазик, и дека важни се правата на Бугарите во Македонија.
„Буквално до вчера за Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, а Христо Иванов од ДБ да комуницира со ГЕРБ и ДПС беше невозможно и моделот „ГЕРБ и ДПС“ требаше да се исчисти од лицето на политичкиот живот во Бугарија. Денеска се прегрнати Кирил Петков, Христо Иванов, Дељан Пеевски и Бојко Борисов. Достоинството и националната самодоверба во мајчина. Ја донесов мојата одлука и денес стана јасно зошто! А човековите права на Бугарите во Македонија и тоа што не го признаваме таканаречениот „македонски јазик“, и јазикот на омразата кон Бугарите – ова не е важно. Важно е да се биде потивок од водата и пониско од тревата за да не ги налутиме големите сили. Како и секогаш. Таков е животот. Живееме во такви тешки времиња и очигледно секој треба сам да одлучи. П.С. Темата за Северна Македонија беше прогласена за „црвена линија“ за БСП. Денеска БСП ја проголта својата „црвена линија“, гласаше воздржано и го предаде бугарскиот национален интерес. „Црвената линија“ или власта на секоја цена, г-ѓа Нинова? И вие го направивте вашиот избор“, пишува Трифонов.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел кажа дека францускиот предлог не е прифатлив и повика да се почитува македонскиот народ.
