Трифонов: Ние Бугарите не го прифаќаме постоењето на македонскиот јазик, бидејќи таков јазик нема
Претседателот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов забележува зошто во францускиот предлог има „македонски јазик“ и се зборува за малцинство.
Тој вели дека во Македонија нема бугарско малцинство, туку има Бугари.
„Бидејќи ние Бугарите не го прифаќаме постоењето на македонскиот јазик, бидејќи таков јазик нема, сите други земји ќе го признаат. На нас ќе ни се признае дека не го признаваме. Ова е резултат на двојната политика на Кирил Петков од моментот кога стана премиер“, вели тој, пренесува новинската агенција БГНЕС.
Тој го обвинува премиерот Петков за предавство.
Слично
