Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трифонов го повика Петков да го ревидира својот однос кон Македонија

Трифонов го повика Петков  да го ревидира својот однос кон Македонија

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов на Фејсбук го повика бугарскиот премиер Кирил Петков да го ревидира својот однос кон Северна Македонија. 

Трифонов потсетува дека во коалицискиот договор, во делот „Надворешна политика“ сите се согласиле дека Бугарија ја задржува сегашната позиција во однос на Македонија.

„Тоа значи дека почетокот на преговорите со Северна Македонија за нивно членство во Европската Унија ќе се случи дури кога ќе почнат да го спроведуваат договорот меѓу двете земји, потпишан во 2017 година. За жал, премиерот Кирил Петков постојано се обидува да го заобиколи овој договор и го отфрла бугарското вето без никакви услови. Тој сака да започне преговори со северномакедонците до крајот на јуни, без никакви законски гаранции за почитување на правата на Бугарите во оваа земја“, напиша Трифонов.

Додека не се тргне бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести