Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трифонов го нарече Османи северномакедонски министер

Трифонов го нарече Османи северномакедонски министер

Претседателот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, на својот Фејсбук-профил коментира интервју на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител го изјави следново: ‘Исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас. Го зачувавме јазикот, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ и ги оставивме историските прашања надвор од патоказот. Бугарија доби промена на Уставот некаде на средината на процесот – по почетокот на преговорите. Поради тоа сметам дека тоа беше добар компромис’“, напиша Трифонов.

По овој цитат, Трифонов потсетува кој во бугарскиот парламент гласал за францускиот предлог.

Слично

Поврзани вести