Тридневната жалост за жртвите од Тетово завршува, партиите се враќаат на предизборните активности
Политичките партии од денеска се вражаат на своите предизборни активности, откако денеска заврши прогласената тридневна жалост поради 14-те жртви од несреќниот пожар во модуларната болница во Тетово.
Владата претходно апелираше до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена. Партиите ова коректно го испочитуваа и се воздржаа од предизборните промовирања и активности.
Владата во четвртокот прогласи тридневна жалост до сабота поради пожарот во модуларната болница во Тетово. Тридневна жалост прогласи и Советот на Општина Тетово.
За време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија беше истакнато на половина копје.
