Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тридневната жалост заврши, Заев, Спасовски, Шахпаска продолжуваат со предизборните активности

Тридневната жалост заврши, Заев, Спасовски, Шахпаска продолжуваат со предизборните активности

По завршувањето на тридневната жалост поради пожарот кој однесе 14 ќивоти во тетовската модуларна болница, денес продолжуваат предизборните активности, промоции и пофалби пред јавноста од страна на членовите на Владата.
Премиерот Зоран Заев објави банер на Фејсбук со кој се пофали дека економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. раст на платата за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година и стапка на невработеност од 15,9 проценти.

Денеска во Охрид,министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, заменик директорката  на Агенцијата за разузнавање  Александра Бакреска Додовска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска потсети дека околу 3000 слепи лица во нашата држава, за прв пат имаат можност да користат функционална, современа алатка на својот мајчин јазик, која им овозможува поголема независност во секојдневниот живот. Истата била целосно бесплатна и достапна за сите корисници на Андроид системи, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди.


Слично

Поврзани вести