Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тричковски:: И да нема цензус, Талат Џафери ќе биде добра замена

Тричковски:: И да нема цензус, Талат Џафери ќе биде добра замена

Колумнистот Бранко Тричковски во својата најнова колумна ги подгреа стравувањата и песимизмот дека политиката ќе исфрли претседателски кандидати кои би биле доволно харизматични за да го обебедат потребниот цензус, односно излезност на гласачи на следните претседателски избори на пролет.

„За СДСМ ќе биде голем удар ако не успее да обезбеди цензус за својот кандидат. И за кандидатот тоа ќе биде опасен удар. И за Македонија, но не толку опасен, затоа што господинот Талат Џафери, сигурен сум, многу добро ќе си ја врши и новата функција. Парламентарните избори како модус за кревање на излезноста се начин за максимирање на општата штета за мал ќар на друга страна. Не смее да се дозволи една поразена злосторничка инсталација да ја диктира политичката агенда на Северна Македонија, земјата што не ја признава“, напиша Тричковски.

Доколку не се обебеди ценус за избор на претседател, пранината како шеф на државата ја пополнува претседателот на Собранието. На претходните претседатески избори имаше и вонредни парламентарни истовремено по договор на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ и едвај се осигура таа минимална излезност од 40 отсто.

Слично

Поврзани вести