Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тричковски, Цаноски, Фрчкоски....Кој се беше на номинирањето на Заев за Нобеловец

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тричковски, Цаноски, Фрчкоски....Кој се беше на номинирањето на Заев за Нобеловец

Фото: Фактор

Професорот Љубомир Фрчкоски, новинарот Бранко Тричковски, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, бизнисменот Фијат Цаноски беа дел од публиката на церемонијата на номинирање на македонскиот и грчкиот премиер - Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир во 2019-та на универзитетот ФОН.

Номинирањето го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи, заедно со ректорот на ФОН, Нано Ружин, европратеникот од Сириза, Стелиос Колуглу и менаџерот на Првиот приватен универзитет Сефер Цаноски.

Ружин, Тричковски и Колуглу се иницијатори, додека Бушамауи е официјален предлагач.

Додека траеше церемонијата истовремено премиерот Заев имаше заедничка прес-конференција со Џон Салива, заменикот државен секретар на САД.


Слично

Поврзани вести