Три златни правила како да заштедите на крај на месец
Рзбирањето каде одат сите ваши пари и обиди да заштедите секој месец макар и малку е многу тешка задача. Непланирани трошкови може да ве доведат до празни џебови и пред да очекувате. Тоа може да биде поради наметнати трошкови, како што е расипан дел на автомобилот или некој куќен уред, или поради некои други потреби и желби-на пример сакате да купите нов капут.
Како и да е, сајтот „Брајд сајд“ порача три начини на планирање на буџетот и распределба на трошкови така што на крај ќе можете да заштедите.
1. МЕТОДА „50/30/20“.
Погодно за оние кои имаат редовни примања но не успеваат да заштедат ништо.
50 отсто од платата-основни месечни трошкови (компјутер, храна, превоз)
30 отсто -помалку важни но неопходни работи (дигитална ТВ, интернет , облека)
20 отсто-за иднината (заштеда, неочекувани трошоци, подароци)
2. Едноставен метод
За оние кои не сакаат себе стриктно да се ограничуваат.
Поделете го својот буџет на два дела:
Постојани трошкови (сметка, трошоци за стан, храна) и
се друго (забава и останато без што не можете-ресторани, кафичи, кино, концерти)
3. Метода „дозволени неделни трошоци“
За оние кои неочекувано остануваат без пари неколку дена пред плата, и за оние кои сакаат да заштедат.
Пресметајте колку од месечниот буџет сакате да потрошите и колку да заштедите.
Поделете го износот на 4 недели, и дајте си себе неделно „дозволено“ колку можете да потрошите на што сакате.
Месечно преминување на лимит не е дозволено.
Обидете се па кажете ни го вашиот резултат. Дали методите вродуваат со „пари под перница“.
