Три земјотреси ја стресоа Србија - почувствувани се и во земјава
Три земјотреси денеска ја погодија Србија, а потресите ги почувствувале и во Македонија.
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Голија, во областа Сјеница, непосредно пред 14:45 часот. Околу дваесет минути подоцна, следеше уште еден, послаб земјотрес со јачина од 2 степени, а помалку од час и половина по првиот, беше регистриран трет земјотрес со јачина од 1,9 степени на истото место. Потресите се почувствувале во Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Љиг, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш, Панчево, па дури и во Белград и Скопје.
Првиот земјотрес е регистриран во областа на планината Голија, на половина пат помеѓу Рашка и Сјеница, поточно околу селото Црчево.
Републичкиот сеизмолошки завод објави дека во 14:43 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 3 километри во регионот Сјеница, градот Дуга.
Како што објави Републичкиот сеизмолошки институт, нов земјотрес се случи и во регионот на Сјеница, на длабочина од 1 километар, со магнитуда од 2 степени според Рихтеровата скала.
