Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три унгарски партии му пишаа писмо на Орбан за Груевски

Три унгарски партии му пишаа писмо на Орбан за Груевски

Три унгарски опозициски партии преку отворено писмо побараа поранешниот премиер Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија. Социјалистичката партија, Дијалог за Унгарија и Демократската коалиција велат дека владата предводена од Виктор Орбан треба да бидат свесна дека не само што со азилот не го претставуваат унгарскиот народ, а ниту граѓаните на Европската Унија.

"Неприфатливо е Никола Груевски ја добие азил во Унгарија, без согласност на унгарскиот народ ", напиша тие во дел од писмото на три страни.

Тие ја повикаа Владата на Унгарија да се врати на европскиот пат и да ги почитува европските стандарди, основните вредности на Европската унија и човековите права.

Министерката за правда на Македонија, Рената Дескоска, рече дека се уште нема до одговор во врска со барањето за екстрадиција од унгарските власти и за начинот на кој што Груевски добил азил.


Слично

Поврзани вести