ТРИ СЛУЧАИ ВО ЕДЕН ДЕН: Луѓе пријавиле каснување од кучиња
Тројца луѓе вчера пријавиле дека се нападнати од кучиња скитници.
Во Полициската станица Аеродром, Н.С. (42) од Скопје вчера во 9.30 часот пријавил дека истиот ден околу 7.40 часот додека се движел по булевар „АВНОЈ“ го нападнало куче скитник, при што е каснат во левата нога.
Н.С. отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му е укажана лекарска помош, а од таму е препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Х.С. (65) пријавил дека на ул. „Бањалучка“ околу 14 часот го нападнало куче скитник и го каснало во пределот од задната ложа на левата нога.
Третиот случај го пријавила 34 годишната Т.М. Додека таа со нејзиното малолетно дете поминувале на автобуска постојка на ул. „Веле Марков“ ги нападнале две кучиња.
Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.
Во последните месеци имаше повеќе вакви напади. Каснати беа луѓе во Скопје, но и во внатрешноста.
