Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три случаи на деца позитивни на коронавирусот се регистрирани во две скопски училишта

Три случаи на деца позитивни на коронавирусот се регистрирани во две скопски училишта

Први случаи на деца заразени со коронавирусот се регистрирани во скопски училишта. 

Три случаи на деца позитивни на коронавирусот се регистрирани во две скопски училишта по првиот школски ден, објави телевизија Сител.

Првиот случај е забележан во основното училиште „Ѓорѓија Пулески“ во општината Аеродром, кај ученичка од петто одделение, која има позитивен тест, по што целиот клас ќе оди во 14-дневна изолација, откако е направена епидемилошка анкета со другите ученици.

Два други случаи се регистрирани во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода. 

Слично

Поврзани вести