Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три продолжени викенди во мај

Три продолжени викенди во мај

Нови неработни денови поради државни или верски празници не очекуваат веќе на почетокот на мај.

Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај - 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

Продолжениот викенд по повод велигденските празници беше можност за одмор и време со семејството.

Слично

Поврзани вести