Три пожари регистрирани за еден ден во Куманово
Вчера три пожари беа регистрирани на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.
Пожарникарите интервенирале на пожар кој избувнал под Спомен-костурницата од 20.25 до 21 часот, а во акцијата било употребено едно противпожарно возило.
Вчера во два наврата горела сува трева и стрниште во месноста Багрем Бања во населбата „Перо Чичо“. Првиот пожар е регистриран во 13 часот, вториот на истата локација во 18.15 часот и во двата пожара пожарникарите реагирале по дојава на локалното население.
Со зголемување на температурите речиси секојдневно гори сува трева и стрништа на повеќе локации во Куманово, но речиси секојдневно во месноста Багрем Бања.
Слично
