Три пациентки починаа на Инфективно во Штип
Три пациентки починаа поради компликации од коронавирусот на Инфективно одделение во Клиничката болница во Штип, потврди пртпаролот на болницата, Марина Шуманска
Две пациентки се од Кочани, а една од Делчево и дека биле на возраст од 49, 61 и 81 година во изминатите 24 часа.
Инаку на ова одделение се лекуваат 54 пациенти, а останат е слободен само еден болнички кревет.
Од изминатата недела на ова одделение се примаат пациенти во тешка состојба, а денеска таму на кислородна поддршка се над 20 пациенти.
Ангажирани се и
лекарите од интернистичките гранки, како и
од останатите одделенија, кои им помагаат
на двајцата инфектолози и на
медицинскиот персонал.
Слично
