ТРИ ОБЈЕКТИ ИМАЛЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА РАБОТА, НО НЕ ИСПОЛНУВАЛЕ УСЛОВИ: ќе бидат затворени, контролите продолжуваат
Последните инспекции потврдија сериозни регуларони прекршувања во доменот на работата на ноќните клубови, објави портпаролката на Владата, Марија Митева.
- Од вчерашната контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца, до овој момент е утврдено е дека три од нив не исполнуваат минимум технички услови за дејноста, а поседуваат активна дозвола. За останатите 9 се уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе бидете информирани - посочи Митева.
Потоа додаде дека за овие објекти ќе биде побарано од Министерството за економија веднаш де се одземат сите дозволи, да биде издадена забрана за дејнсот и да бидат преземени сите потребни мерки согласно закон ќе бидат преземени. Во текот на денот продолжуваат проверките.
- Направен е план и за проверка на сите објекти кои немале дозволи и кои работеле.
Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија, тоа е симптом на расипан систем, наследен од долгогодишна корупција. Ниту ќе замижуваме ниту ќе заштитуваме. Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустацијата и дека правда ќе има - истакна портпаролката.
На новинарско прашање за кои клубови станува збор, таа не откри детали поради сензитивноста на истрагите.