Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три млади девојки и еден повозрасен човек се повредени во сообраќајката која се случи во Автокоманда

Три млади девојки и еден повозрасен човек се повредени во сообраќајката која се случи во Автокоманда

Три девојки на возраст од 27 години и возачот на 77 години со автомобил се забиле во камион вчера во Автокоманда. Сите се здобиле со повреди. 

Во СВР Скопје вчера пред 15 часот е пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од автомобилот, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Телесни повреди имал и возачот. Тие се констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Повредена била и сопатничката  С.Т.(27) од Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слично

Поврзани вести