ТРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ ПО СООБРЌАЈКА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - сопатникот помина најлошо
Три лица азавршија во скопските болници поради повредите добиени во сообраќајна незгода во Скопје.
Како што објавуваат од МВР, во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови дошло до судар меѓу две возила при што сопатникот од едното возило поминал најтешко и со тешки телесни повреди завршил во болница. И возачите на автомобилите завршиле на болничко лекување.
- На 04.11.2023 во 22.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.„Киро Глигоров“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(53) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од Кратово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „шевролет спарк“, И.М.(51) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - соопштуваат од МВР.
