Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три лица загинаа откако возило излета во Радика

Три лица загинаа откако возило излета во Радика

Кобна сообраќајка несреќа се случи во западна Македонија. Возило паднало во реката Радика, при што три лица загинаа. 

Едно лице е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во реката, говорат првичните информации. 

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Слично

Поврзани вести