Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје - Велес, велат од МВР. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

- До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител - изјавија од МВР. 

По информациите за тешката сообраќајна незгода на автопатот Скопје - Велес од јавното обвинителстов посочуваат дека дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и увидни екипи н аМВР вршат увид на лице место. 

- На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејстивја, а ајвниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења - соопштуваат од обвинителство. 

АМСМ претходно објави дека поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип.

Слично

Поврзани вести