Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ - МВР со детали за трагичниот настан

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА УБИСТВОТО ВО КАВАДАРЦИ - МВР со детали за трагичниот настан

По објавата дека во Кавадарци во раните утрински часови се случило убиство, се огласи и Министерството за внатрешни работи, од каде информираат дека по тепачката во близина на казинот, уапсени се три лица.

- Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. 
Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт - се посочува во соопштението на МВР. 

Од МВР додаваат, дека кратко по настанот, поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР

Слично

Поврзани вести