Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ БОРБИ СО КУЧИЊА - животните се преземени од Агенцијата за храна и ветеринарство

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ БОРБИ СО КУЧИЊА - животните се преземени од Агенцијата за храна и ветеринарство

Три лица се уапсени во текот на вчерашниот ден под сомнеж дека организираат борби со кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кучињата кои се пронајдени со уапсените лица се преземени од местото на настанот.

Како што се истакнува во полицискиот билтен, тетовската полиција вчера во попладневните часови уапсила двајца жители од околината на Тетово и еден од селата во Прилеп. 

- Вчера во 16 часот во тетовското село Долно Палчиште ги лишила од слобода А.М.(18) од село Горно Палчиште, С.У.(50) од село Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња - се наведува во билтенот. 

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести