Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА НЕЛЕГАЛНА СЕЧА НА ДРВА - Малолетници инволвирани во кражбата

ТРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА НЕЛЕГАЛНА СЕЧА НА ДРВА - Малолетници инволвирани во кражбата

Двајца малолетници од село Банско, Струмица и дечко на 20 години се уапсени од страна на Секторот за внатрешни работи Струмица поради пустошење на шума. 

- Тројцата биле затекнати на место наречено „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума. Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица - Струмица - известуваат од МВР.

Меѓу уапсените е Ф.А. (20) и двајцата уапсени, а истите се приведени во 14.00 часот во текот на вчерашниот ден. Како што информираат од МИА, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести