Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ - возило паднало во амбис кај Бродец

ТРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ - возило паднало во амбис кај Бродец

Поголем број на противпожарни возила и возила на итната медицинска помош се видени доцна попладнево на Скопска Црна Гора на патот по Бродец, а кој води кон Танушевци, дозна МКД.мк од локални извори. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потврдиле  дека на тој потег има пожар и дека се случила тешка сообраќајна несреќа.

На единствениот број 112 во ЦУК  во 17.10 часот стигнала пријава за сообраќајна несреќа на патот за Бродец, Скопска Црна Гора, во Општината Чучер Сандево, потврдија за МКД.мк од ЦУК.

„Возило марка голф излета од патот и падна во амбис при што, според информацијата што ЦУК ја доби од терен, има и повредени. Три лица се повредени и според нашите информации се транспопртирани во болница, според природата на повредите, најверојатно во '8-ми Септември'. Информацијата според која во возилото имало деца засега не е официјално потврдена.

Слично

Поврзани вести