Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три лица претепани во Скопје, завршија во болница

Три лица претепани во Скопје, завршија во болница

Во полиција во Скопје во 3 часот по полноќ е  пријавено дека 49-годишниот Ш.И. 25-годишниот В.Д. и  С.И.(43) се нападнати со остри предмети од  Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице. 

Тие се пренесени во Ургентен центар Скопје каде им се констатирани телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати се траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.

Во полициската станица Бит Пазар приведени биле Б.И., Т.И. и С.Ш. за расчистување на настанот.

Причина за нападот било претходно меѓусебно нетрпение.


Слично

Поврзани вести