Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ, ЕДЕН ПОТЕШКО - сообраќајна незгода на патот Кавадарци - Росоман (ФОТО)

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ, ЕДЕН ПОТЕШКО - сообраќајна незгода на патот Кавадарци - Росоман (ФОТО)

Тешка сообраќајна незгода се случи утрово на регионалниот пат Кавадарци - Росоман. 

Во на три лица се повредени од кои едно е со потешки повреди. 

Несреќата се случила рано утрово на регионалниот пат Кавадарци – Росоман поточно на излез од селото Манастирец. 

Според објавата на Територијалната противпожарна единица на Кавадарци, согласно првични иноформации од терен, две лица кои се повредени се млади, на отприлка 23 години, а еден од повредените е повозрасен граѓанин.

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.


Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради  сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести